СЕ УРНА ВОЕН АВИОН НА САД ВО НОРВЕШКА: Во леталото имало четворица
Авион на Армијата на САД се урна во Норвешка, вчера попладнето а во него имало четворица членови на екипажот.
Норвешките медиуми јавуваат дека американски воен авион се урна во северна Норвешка, пренесува Ројтерс.
Засега е познато дека во авионот имало четири лица.
Авионот од типот В-22 Оспри учествувал во вежбата на НАТО „Студена реакција“ кога околу 18.30 часот било пријавено неговото исчезнување, изјавиле за Ројтерс од центарот за спасување.
Како што се наведува, леталото учествувало во вежбата и требало да слета во 18 часот. Временските услови во зоната за вежбање биле навистина лоши.
Слично
