Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се урна руски воен авион над Медитеранот

Се урна руски воен авион над Медитеранот


Руски воен авион Су-30 се урна над Средоземното Море при што загинале двајца пилоти, јави ТАСС.

Авионот се урнал денеска по полетување од аеродром во базата Хмејмим во Сирија.

Според руското МО, и двајцата пилоти „до последната минута се обидувале да го спасат авионот“, но не успеале во тоа и загинале.

МО на Русија соопшти дека не било пукано кон авионот.


Слично

Поврзани вести