Се урна руски хеликоптер во Чеченија, три лица загинаа
Три лица загинале, две лица преживеале додека пак четворица
се водат како исчезнати при пад на хеликоптер од типот МИ-8 во Чеченија.
Леталото се урнало на осум километри од границата со Грузија. Во хеликоптерот имало вкупно девет лица.
Несреќата се случила само еден ден откако во Сирија се урна руски транспортен авион АН-26 при што загина 39 патници и членови на екипажот.
Причините за несреќа сеуште се утврдуваат, се претпоставува дека е технички дефект.
Слично
