Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се урна покрив за време на студентска забава, повредени над 30 лица

Се урна покрив за време на студентска забава, повредени над 30 лица

Повеќе од 30 луѓе се повредени при уривање на покривот на гледалиштето за време на студентска забава во близина на Државниот универзитет во Охајо, откако луѓето се качиле на покрив кој не бил дизајниран да издржи толкава тежина, соопштија локалните власти.

Од повредените, 14 лица се пренесени во болница, додека на останатите 20 им е помош на лице место, пренесе „Ен-Би-Си Вашингтон“.


Првите екипи нашле 10 лица, а потоа 14 биле пренесени во болници со „различен степен“ на повреди, но сите се во стабилна состојба, изјави началникот на пожарникарите во Колумбус, Стив Мартин.

„На покривот веројатно имало меѓу 15 и 45 луѓе, кој не е дизајниран да ја држи тежината на луѓето“, рече Мартин.

Салата каде што се урна покривот не припаѓа на Универзитетот во Охајо.

Фото: Принтскрин/Јутуб

Слично

Поврзани вести