Се урна мал авион во Калифорнија, двајца загинати
Две лица загинаа при пад на мал авион во Санта Паула. Авионот со две седишта во саботата попладне и покрај јасното време, се урна пред јужниот дел на Калифорнија
Според информациите кои ги соопшти телевизиската станица KABC во авионот се наоѓале двајца мажи. Леталото паднало врз магацин, во непосредна близина на аеродромот Санта Пола.
Кога пристигнала екипата на противпожарната единица, двајцата мажи веќе биле починале, велат официјалните претставници.
Причината за несреќата се уште не е позната.
Федералната администрација за воздухопловство и Националниот одбор за безбедност во транспортот ја испитуваат несреќата.
#MainIncident: 2nd photo view of crash, small fire put out by Santa Paula FD, no people on ground injured pic.twitter.com/A4XXEi7Ohd
— VCFD PIO (@VCFD_PIO) March 31, 2018
