Се урна колумбиски авион
Колумбиски авион се урна во џунглата Амазона, а кулумбиските власти соопштија дека шансите некој од патниците и членовите од екипажот да преживеал се многу мали.
Авионот со регистерски број HK-4755 PA 34 полетал од аеродромот Араракуара на југот од Колумбија вчера околу 15 часот по локално време, односно 22 часа по средноевропско време, а изгубил контакт со контролата на летот додека го прелетувал градот Флоренсија, пренесува АФП.
Властите уште не ги пронашле телата на осумте патници и двајца членови на екипажот, но речиси е сигурно никој да не преживеал.
„Делумно изгорените остатоци од авионот се пронајдени десет километри од центарот на градот Пуерто Сантандер, а можно е телата на жртвите никогаш да не бидат пронајдени“, соопшти колумбиската Управа за цивилно воздухопловство.
