Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ УРНА КАРПА ЖЕШКА 1000 СТЕПЕНИ ОД ВУЛКАНОТ НА КАНАРСКИТЕ ОСТРОВИ: Не знаат уште колку долго ќе биде активен

СЕ УРНА КАРПА ЖЕШКА 1000 СТЕПЕНИ ОД ВУЛКАНОТ НА КАНАРСКИТЕ ОСТРОВИ: Не знаат уште колку долго ќе биде активен

Дел од вулканот на Канарскиот остров Ла Палма се урна, со што се зголеми протокот на лава кон морето, објави денеска шпанската државна телевизија РТВЕ.

Карпата чија температура била над 1000 степени Целзиусови се урнала по истата патека како и претходно, така што не се потребни нови евакуации.

Шпанскиот премиер Педро Санчез најави програма за помош од 206 милиони евра за оние кои беа погодени од вулканската ерупција.

Лавата досега уништи повеќе од илјада згради и предизвика голема штета на земјоделството и инфраструктурата на островот.

Повеќе од 5.500 луѓе мораа да ги напуштат своите домови.

Вулканолозите во моментов не можат да одредат колку долго ќе биде активен.


ФОТО: Screenshot: Twitter

Слично

Поврзани вести