Се урна хеликоптер во Украина: Има и загинати
При тренинг лет во западниот дел од Украина се урна воен
хеликоптер МИ-8. Четворицата членови на
екипажот загинале во хеликоптерската несреќа.
Новоизбраниот претседател на Украина Владимир Зеленски изрази сочувство и му наложи на новоименуваниот генерал Руслан Хомач да ја следи истрагата.
„Нашата армија не треба да ги губи своите луѓе за време на вежби", рекол претседателот, пренесуваат медиумите од регионот.
Армијата не открила повеќе детали за инцидентот кој се случил вчера.Фото actuelno.com
Слично
