Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се урна дел од надстрешница на „Кнез Михајлова“: Огромна бетонска плоча виси во центарот на Белград

Се урна дел од надстрешница на „Кнез Михајлова“: Огромна бетонска плоча виси во центарот на Белград

Дел од надстрешница се урна на улицата „Кнез Михајлова“,  главната пешачка улица во центарот на Белград, пренесува Нова.рс.

Натстрешницата се урнала пред влез на парфимерија, најверојатно во текот на ноќта бидејќи, според вработена во парфимеријата, се било во ред во текот на претходниот ден.

Делот каде што виси бетонската плоча е ограден и движењето не е дозволено. Надлежните велат дека се работи за приватен објект и дека на сопственикот на објектот ќе му биде издадена инспекциска наредба во врска со потребната поправка на натстрешницата.

Фото: Н1


Слично

Поврзани вести