Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ УРНА ЦЕЛА ЗГРАДА ВО КАТАР, ПАДНА КАКО КУЛА ОД КАРТИ: Извлечени се седум луѓе, но има и загинати

СЕ УРНА ЦЕЛА ЗГРАДА ВО КАТАР, ПАДНА КАКО КУЛА ОД КАРТИ: Извлечени се седум луѓе, но има и загинати

Во главниот град на Катар денеска се урна станбена зграда при што загина најмалку едно лице, а спасувачите трагаат по преживеани во урнатините, соопштија катарските власти. Министерството за внатрешни работи на Катар соопшти дека станува збор за четирикатна зграда во областа Бин Дарам во Доха. Спасувачите досега извлекле седум преживеани од урнатините, но едно лице починало, пишува Вашингтон пост.

Властите допрва треба да дадат објаснување за уривањето на зградата. Едно видео на интернет покажува како по уривањето се слуша аларм од автомобил, додека еден дел од зградата се урива и паѓа во другиот дел. Веднаш по падот на местото на настанот пристигнала цивилна одбрана и полиција, неколку возила на брза помош и багер. Евакуирани се жителите на околните згради. Порталот Peninsula Qatar јавува дека дел од таа зграда се паднал и врз трикатницата до неа.


Слично

Поврзани вести