Се урна брана во Норвешка, а полицијата претходно размислуваше да употреби експлозив
По големите поплави во Норвешка, делумно се урна речна брана.
Енергетската брана на реката Глома, не можеше да ги отвори испустите откако се поплави контролната соба. Засега нема знаци за големи поплави низводно. Се чини дека по пробивањето водата тече низ неа на контролиран начин, соопшти претпријатието што ја стопанисува.
Полицијата претходно размислуваше со експлозив да прочисти еден од отворите на 45-годишната брана за да се намали притисокот на водата, но реши да не го направи тоа затоа што експлозијата би била тешко да се контролира.
Норвешка евакуираше илјадници луѓе бидејќи реките се на највисоко ниво во последните 50 години.
Железнички мост се урна на линијата што го поврзува Осло со Трондхајм, третиот по големина град во државата, но нема опасност бидејќи возовите се во прекин од понеделникот. Округот Инландет, една од најтешко погодените области во Норвешка, рече дека многу луѓе биле изолирани од поплавите и дека спасувачите можеби нема да можат да дојдат до оние на кои им е потребна помош.
Владата денеска мобилизираше повеќе хеликоптери за да учествуваат во евакуациите.
Словенија ги санира штетите од поплавите.
Поплави ја погодија и Кина, каде има жртви и исчезнати.
foto EPA
