Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се урна борбен авион кој троши 1,5 милијарди за одржување

Се урна борбен авион  кој троши 1,5 милијарди за одржување

Американски борбен авион Ф-35Б се урна во Јужна Каролина неколку километри од воздухопловната база Бјуфорт. Пилотот на авионот преживеа.

Несреќата се случи околу 11:45 часот по локално време во областа Грејс Хил, а пилотот успеа да се спаси по успешното катапултирање. Над местото на падот се надвил густ црн чад.

Инцидентот се случи еден ден откако авион од истиот тип од петта генерација воени ловци ја изврши првата борбена мисија во Авганистан.

Авионот Ф-35 го дизајнираше компанијата Локид Мартин како повеќенаменски борбен стелт авион кој лесно може да се прилагоди на потребите на различните воени родови. Проценетите трошоци на животниот век на овој авион се поголеми од 1,5 милијарди долари.

Во воздухопловната база Бјуфорт се распоредени авиони Ф-35Б „лајтнинг“ и Ф/А-18 „хорнет“.


Слично

Поврзани вести