Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ УРНА АВИОНОТ ВО ИНДИЈА, ОКОЛУ НЕГО ПОЖАР! Први фотографии од местото на несреќата: Вознемирени луѓе се држат за главите

СЕ УРНА АВИОНОТ ВО ИНДИЈА, ОКОЛУ НЕГО ПОЖАР! Први фотографии од местото на несреќата: Вознемирени луѓе се држат за главите

На социјалните мрежи се шират фотографии и видеа од Боингот 787 Дримлајнер што се урна во Индија. Авионот превезувал повеќе од 200 патници и денес имал уште еден лет од Њу Делхи до Ахмедабад.

Итните служби се на местото на настанот, а според првичните информации, авионот се урнал веднаш по полетувањето од аеродромот во Ахмедабад.

Авионот се упатил кон Лондон, а првиот лет го имал во декември 2013 година.


Единствениот регистриран инцидент со овој авион се случил пред 10 години, кога пукнала шофершајбната.

Фотографиите и видеата од урнатините што беа објавени на социјалните мрежи покажуваат целосно уништен авион, како и пламен околу него.

Ужасни сцени се снимени на местото на падот на авионот што леташе за Лондон, а небото е целосно црно.


На други видеа, може да се видат собраните мештани, како ги држат главите додека ги гледаат остатоците и во паника брзаат кон местото на несреќата.


Фото: Принтскрин/Х

Слично

Поврзани вести