Се урна авион во Венецуела, во него пронашле тон кокаин
Полицијата во Венецуела откри скоро еден тон кокаин во еден мал авион кој се урнал во централниот дел на земјата, пренесоа агенциите, повикувајќи се на обвинителството на Венецуела.
На местото на несреќата се пронајдени телата на тројца луѓе, кои го пренесувале кокаинот.
Инспекторите велат дека авионот паднал во четвртокот на територијата на еден приватен имот во државата Кохедес. Засега не е утврдено од каде била испорачана дрогата и за каде била наменета.
Шверцерите често се обидуваат да ја користат територијата на Венецуела за пренесување на наркотици од јужноамерикански земји во Централноамериканскиот регион за испраќање на дрогата во САД, Западна Африка или Европа.
Слично
