СЕ УРНА АВИОН ВО САД: Загинале двајцата пилоти
Американската
армија потврди дека двајца воени пилоти загинале откако се урна авион за обука
во близина на аеродромот во Алабама, пренесува АП.
Агенцијата наведува дека воени офицери од воздушната база „Колумбос“ во американската сојузна држава Мисисипи потврдиле дека нивниот авион Т-38 се урнал за време на обуката денес и дека двајцата пилоти во авионот биле загинале.
АП јавува дека авионот паднал околу 17:30 часот по локално време во близина на аеродромот Монтгомери во сојузната држава Алабама, а имињата на настраданите пилоти не се објавени додека не бидат известени нивните семејства.
Слично
