Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се урива мигрантскиот камп во Кале

Се урива мигрантскиот камп во Кале
Трет ден се урива мигрантскиот камп во францускиот град Кале. Од саботата работници го уриваат кампот со импровизирани засолништа, каде престојуваа мигранти со намера да продолжат кон Англија. Уривањето е под надзор на полицајци опремени со водени топови, затоа што бегалците претходно се судрија со полицијата. Хуманитарните организации кои работат таму велат дека има повеќе од 3.450 луѓе во јужниот дел на кампот, вклучувајќи и 300 деца без придружба, а некои веќе заминуваат од кампот. Некои од нив можат да продолжат во други кампови на крајбрежјето, каде условите се полоши. Белгија во понеделникот врати  повеќе од 600 имигранти, кои се обиделе да влезат на нејзина територија.  
Слично

Поврзани вести