Се укинува весникот наменет за таблетите „ајПад“
Дигиталниот дневник Дејли, кој се чита на таблет уредите ајПад на американската компанија Епл ќе биде укинат на 15 декември. Како што јавуваат светските електронски медиуми, издавачот „Њуз корп“ објаснува дека ја донел таа одлука затоа што дневникот е многу далеку од прагот на рентабилноста, односно финанскиски е неисплатлив.
При неговото создавање минатата година, целта беше да се придобијат половина милион претплатници кои ќе го плаќаат пристапот со што „Њуз корпорејш“ требаше да ги урамнотежи трошоците.
Проектот вреден околу 30 милиони долари е инвестиција на светскиот медиумски магнат Руперт Мардок.
Слично
