СЕ УДАВИЈА И БЕБИЊА, НАЈМАЛКУ 43 МИГРАНТИ ЗАГИНАА: Брегот на Италија прекриен со мртви тела
Бројот на
загинати во мигрантската несреќа кај брегот на Италија се искачи на 43, додека
80 преживеаја, соопшти крајбрежната стража.
Од преживеаните, 21 мигранти се хоспитализирани. Некои преживеани рекоа дека имало околу 180 од нив на бродот што доживеал несреќа, додека други наведуваат дека имало 250. Агенцијата Ansa наведува дека одредувањето на бројот на мигранти на бродот е отежнато поради тоа што тие не зборуваат англиски.
Меѓу загинатите има и најмалку едно бебе.
Италијанската премиерка Џорџа Мелони изрази „длабоко жалење“ за несреќата во која повеќе од 40 мигранти загинаа во близина на брегот на Италија.
Во исто време, таа вети дека ќе ја запре миграцијата преку морето за да спречи нови трагедии, пренесува Ројтерс.
„Премиерката Мелони изразува длабока тага за загубата на многу човечки животи кои беа скратени поради вината на трговците со луѓе“, се вели во соопштението од нејзиниот кабинет.
„Владата е посветена на спречување на преминувањето на мигрантите и трагедиите кои произлегуваат како резултат на тоа, и ќе продолжи да го прави тоа, првенствено барајќи максимална соработка од земјите од кои заминуваат мигрантите и од кои потекнуваат“, се додава во соопштението.
ФОТО: EPA