Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се удавија 22 деца при потонување на брод

Се удавија 22 деца при потонување на брод

Во Судан најмалку 22 деца се удавија, откако потона брод што преку реката Нил ги превезувал на училиште. Во несреќата почина и една жена.

„Ал Џезрира“ јави дека бродот, на кој имало повеќе од 40 деца, потонал на околу 750 километри од главниот град Картум.

До несреќата дошло затоа што се расипал моторот како последица на интензивните дождови и силниот ветер. Силите на цивилната одбрана го пребаруваат Нил во обид да ги пронајдат телата на исчезнатите. Саудиските власти наредија затворање на сите училишта во Картум поради невремето кое уништи стотици домови. Минатата недела 40 лица загинаа поради дождовите.

Слично

Поврзани вести