Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се тврди дека и ветеранот од чеченските војни Дмитриј Уткин бил во авионот кој се урна

Се тврди дека и ветеранот од чеченските војни Дмитриј Уткин бил во авионот кој се урна

Дмитриј Уткин, ветеран од чеченските војни и поранешен командант на специјалната единица на руската разузнавачка служба ГРУ се тврди дека бил еден од десетте патници во авионот кој се урна во Русија. 

Ова го јавуваат телеграмските канали поврзани со приватната воена компанија Вагнер. Уткин е препознатлив е по нацистичките тетоважи. 

На листата на патници бил и водачот на Вагнер, Евгениј Пригожин. Многу медиуми пренесоа дека и тој загинал при несреќата. 

Медиумите поврзани со Вагнер побрзаа да сугерираат дека руски противвоздушен проектил го соборил авионот.

Но, извори блиски до него велат дека иако авионот му припаѓал, тој најчесто летал со друг авион.

Слично

Поврзани вести