СЕ ТРАГА ПО БРИТАНСКИОТ „БИЛ ГЕЈТС“ – ИСЧЕЗНА ПО ПОТОНУВАЊЕТО НА ЛУКСУЗНАТА ЈАХТА: Силното невреме на Сицилија ја предизвика несреќата
Во луксузната
јахта Bayesian долга 56 метри, која пловела под британско знаме, имало
22 лица и била закотвена во близина на пристаништето Портчело кога ја погодило
невреме.
Спасувачките тимови продолжија да трагаат по шест лица кои се водат за исчезнати, меѓу кои и британскиот технолошки претприемач Мајк Линч и неговата ќерка, откако за време на силно невреме вчера потона луксузна јахта крај брегот на Сицилија, при што загина едно лице.
Меѓу исчезнатите се Џонатан Блумер, претседател на компанијата на пазарот на капитал „Морган Стенли Интернационал“ и Крис Морвило, адвокат во „Клифорд Ченс“, кој го застапуваше Линч во долгото судење во САД. Линч беше ослободен од обвиненијата за измама во Америка.
Исчезнати се и сопругите на двајцата, изјави за италијанските медиуми Салваторе Кочина, шеф на Цивилната заштита на Сицилија.
Специјални нуркачи стигнале до бродот на длабочина од околу 50 метри, но пристапот до потонатиот брод бил отежнат поради расфрлани предмети, соопшти противпожарната бригада.

Петнаесет луѓе беа спасени пред да потоне чамецот, меѓу кои и сопругата на Линч, Ангела Бакарес, која е сопственик на јахтата, и нејзината едногодишна ќерка.
Спасувачките екипи го пронајдоа телото на готвачот Рикардо Томас, државјанин на Антигва.
Кој е Мајк Линч?
Според Ројтерс, Линч потроши повеќе од една деценија градејќи ја најголемата британска софтверска компанија, а потоа речиси исто толку долго се бореше против наводите за измама поврзани со продажбата на компанијата од повеќе милијарди фунти.
Линч беше главен финансиски партнер на Darktrace, британска фирма за сајбер безбедност која беше купена од американската фирма Тома Браво во април оваа година за 5,32 милијарди долари.
Извор запознаен со спасувачката операција потврди дека Линч и неговата сопруга Анџела Бакарес биле на 56-метарската британска јахта која беше зафатена среде неочекувано силно невреме и потона во раните утрински часови во понеделникот во водите кај Палермо.
Јахтата била во сопственост на семејството на Линч, а во моментот на бродоломот имало 22 лица.
ФОТО: EPA-EFE/IGOR PETYX