СЕ „ТОПИ“ ПОДДРШКАТА ЗА ТРАМП: Паѓа рејтингот на американскиот претседател
Значителено намалување има на рејтингот на американскиот претседател Доналд Трамп во првите сто дена.
Ова го покажуваат резултатите од најновата анкета на Си-ен-ен (CNN). Само 41 отсто од Американците го одобруваат начинот на кој Трамп владее, што е најниска поддршка во изминатите 70 години од мандатот на претседателот Двајт Ајзенхауер. Додека 22 проценти од испитаниците изјавиле дека се убедени дека Трамп работи исправно, што е најнизок забележан процент досега, а 45 отсто се изјасниле дека не го поддржуваат. Поддршката за Трамп од март наваму е намалена за четири отсто, а во однос на февруари падот изнесува седум проценти. Трамп бележи значителен пад на рејтингот кај жените и Јужноамериканците. Анкетата покажува поделеност по партиска припадност. Дури 86 отсто од републиканците го поддржуваат Трамп, а 93 проценти од демократите не се задоволни од неговата работа. Поддршката кај независните гласачи изнесува 31 отсто, што е најниско ниво како и во првиот мандат.
Според анкетата, јавната доверба во способноста на Трамп да се справува со најгорливите прашања исто така опаѓа. Само 39 проценти од испитаниците изјавиле дека се задоволни од тоа како Трамп се справува со економијата, што е пад од пет отсто во споредба со март. Довербата во неговото справување со инфлацијата е намалена за девет проценти на 35 отсто, исто како и поддршката за царинските мерки.
Само околу 52 отсто од испитаниците изразуваат доверба во неговото раководење со економијата, што е намалување за 13 проценти во споредба со декемвриската анкета на Си-ен-ен.
