Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ СУМИРААТ ШТЕТИТЕ: Поради Доријан исчезнаа повеќе од 2.500 луѓе

СЕ СУМИРААТ ШТЕТИТЕ: Поради Доријан исчезнаа повеќе од 2.500 луѓе

Допрва се пресметуваат штетите и загубите кои ги направи ураганот Доријан. 

Повеќе од 2.500 луѓе се исчезнати на Бахамите, откако ги погоди ураганот Доријан.

Портпаролот на Националната служба за управување со кризни ситуации Карл Смит, вели дека таа листа на исчезнати не е проверена, односно не е утврдено дали некој од листата се наоѓа во засолништата.

Во тек е проверка на базата на податоци.

На Бахамите загинаа 50 луѓе, а илјадници се сместени во засолништа.

Над 2.000 луѓе останаа без своите домови.

Доријан направи штети и во Канада. Доријан уште во саботата попладне го погодил градот Халифакс, симнувајќи кровови од станбените згради и корејќи дрвја.

Слично

Поврзани вести