Се судрија руски борбен авион и американски дрон
Руски авион се судри со американски дрон над Црното Море.
Портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби изјави дека американскиот претседател Џо Бајден е информиран за инцидентот. Деталите му ги пренел советникот за национална безбедност Џејк Саливан. Европската команда на САД објави дека два руски борбени авиона Су-27 „спроведоа небезбедно и непрофесионално пресретнување“ на американско беспилотно летало MQ-9 кое дејствуваше во меѓународниот воздушен простор над Црното Море“.
Се вели дека еден од руските ловци „го погодил пропелерот на MQ-9, поради што американските сили морале да го урнат во меѓународните води“.
Пред тоа, Су-27 фрлаше гориво и леташе пред MQ-9 неколку пати пред да се случи судирот на „несовесен, еколошки нездрав и непрофесионален начин“, се вели во соопштението на Европската команда на САД од Штутгарт, Германија.
„Овој инцидент покажува недостиг на компетентност покрај тоа што е небезбеден и непрофесионален“, се додава во изјавата.
За ова немаше итна реакција од Москва. САД и понатаму ќе оперираат во водите на Црното Море.
Руски и американски воздухоплови се активни над Црното Море од почетокот на војната во Украина, но ова е прв таков инцидент со потенцијал да ја ескалира ситуацијата меѓу двете конфронтирани страни.
