Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се судрија и запалија три автобуси во Нигерија, изгореа над 30 луѓе, а меѓу нив и деца

Се судрија и запалија три автобуси во Нигерија, изгореа над 30 луѓе, а меѓу нив и деца

Страотна несреќа се случи во Нигерија, каде најмалку 30 луѓе изгореа, а десетина се повредени откако три автобуси се судрија во северната  држава Кадуна. Меѓу жртвите има и деца.

По ударот трите автобуси се запалиле.  Сообраќајните несреќи се честа појава во Нигерија. Во најголем дел тоа е поради лошите патишта, брзото возење, непочитувањето на сообраќајни правила, но и на лошо одржување на возила.

Дваесет луѓе загинаа во мај годинава во сообраќајка, а еден месец претходно имаше и сообраќајка со најмалку 13 жртви. Во 2009 година за време на еден викенд во сообраќајки во земја загинаа 76 луѓе. 

Слично

Поврзани вести