Се стресе градот Болу во Турција
Земјотрес имало денеска во близина на турскиот град Болу. Потресот бил со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала.
Tурските сеизмолози велат дека земјотресот бил на длабочина од десет километри. Потоа имаше два последователни потреса со јачина од околу два степени според Рихтеровата скала. Градот Болу е на околу 250 километри источно од Истанбул. Нема податоци за евентуални жртви или материјална штета.
Во Турција на 6 февруари имаше силен земјотрес при што загинаа над 48.000 луѓе. Во Сирија има неколку илјади жртви. Скоро секој ден во Турција има послаби земјотреси.Подрачјето каде имаше земјотреси, деновиве се соочи со страшни поплави каде имаше и жртви.
Слично
