Се стабилизира финансиската состојба во Романија
Европската комисија и Меѓународниот монетарен фонд го поздравија процесот на буџетско заздравување на Романија, откако земјата направи финансиските реформи по прифаќањето на програмата за финансиска помош во 2009 година.
Како што јавува БТА, ММФ и ЕУ во замена за помошта од 20 милијарди долари од Букурешт побараа да спроведе строги мерки за штедење. Двете институции денеска ја завршија 15-дневната мисија во Романија за оценка на економската програма, прифатена во замена за финансиска помош. Тоа е последната оценка на спроведувањето на програмата.На крајот на мисијата ЕУ и ММФ посочија дека буџетските неурамнотежености, кои се појавија на почетокот на финансиската криза, биле во целост надминати.
Според првичните оценки буџетскиот дефицит за 2012 година е намален, како што беше предвидено под прагот од 3 проценти од БДП. За 2013 година Букурешт се залага за буџетски дефицит од 2,4 отсто.
Слично
