Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ СРУШИЛ: Пронајдено е местото на падот на рускиот авион, почнува потрага по тела

СЕ СРУШИЛ: Пронајдено е местото на падот на рускиот авион, почнува потрага по тела

Идентификувано е местото на падот на авионот АН-26, кој летал од Петропавловск -Камчатски кон градот Палана. Руските медиуми претходно јавија дејка врската со авионот е изгубена пред слетувањето

Се претпоставува дека авионот паднал во морето, изјави претставникот на службата за итни случаи за агенцијата, пренесе агенцијата РИА Новости.

Според различни податоци, на летот имало 28 или 29 патници.

Група бродови беше испратена во потрага.

Метеоролошките услови на местото каде што е прекината комуникацијата со авионот се сложени, облачно е и магливо.

Според информации на руската новинска агенција „Интерфакс“ авионот бил исправен , а контактот со контролата на летање го изгубил десетина минути пред да слета. 


Слично

Поврзани вести