Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се сруши руски „Миг 31“, пилотите се спасиле

Се сруши руски „Миг 31“, пилотите се спасиле

Руски „Миг 31“ денеска се срушил недалеку од градот Армавир, во јужниот регион Краснодар, а двата пилоти преживеале, рекол денеска портпаролот на Министерството за одбрана на Русија Игор Конашенков, пренесува новинската агенција РИА Новости.

Конашенков наведува дека авионот се срушил 25 километри од Армавир, во текот на маневар. Пилотите се катапултирале и безбедно се приземјиле, а рускиот портпарол навел дека не се во животна опасност.

Во почетокот на август, врховниот командант на руските воздухопловни сили, генерал-полковник Виктор Бондарев, рекол дека Русија ќе почне со развој на пресретнувачи кои до 2028 би требало да ја заменат нејзниата флота од 122 Миг-31.

Миг-31 е суперсоничен пресретнувач, од долг домет. Тој двосед може да пресретнува мети оддалечени и до 200 километри, со помош на својот нареден радар и ракета од долг домет. Може ефикасно да функционира во сите временски услови и е опремен со најсовремена авијација и дигитална технологија.

 Миг-31 стана дел од советските воздухопловни сили во 1981, а производството на ова летало е завршено во 1994, но останало во служба во руските и казахстанските воздухопловни сили

Заменикот на рускиот премиер Димитриј Рогозин предложил на 8 август да се продолжи со производство на Миг-31, наведувајќи дека леталото би можело да биде ефикасно уште 15 години. Тој тогаш нагласил дека  Миг-31 нема ривали.

 
Слично

Поврзани вести