Се сруши руски ловец во калининградската енклава помеѓу Литванија и Полска
Авион двосед Су-30 се урна во Калининградската област, руска енклава помеѓу Литванија и Полска со излез на Северното море.
Како прелиминарната причина за падот е посочен технички дефект, соопшти прес-службата на Западниот воен округ.
„На 12 август годинава, за време на тренинг лет во Калининградската област, авионот Су-30 се урна во напуштена област. Летот беше извршен без муниција. Екипажот на леталото загина“, наведе руското министерство.
Слично
