Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ СРЕТНАЛА СО ПЛАТЕНИЦИТЕ КОИ ГО ЛИКВИДИРАА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ - никаде ја нема осомничената судијка од Врховниот суд на Хаити

СЕ СРЕТНАЛА СО ПЛАТЕНИЦИТЕ КОИ ГО ЛИКВИДИРАА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ - никаде ја нема осомничената судијка од Врховниот суд на Хаити

Полицијата на Хаити соопшти дека меѓу осомничените за убиството на претседателот Жованел Моиз е и судијка од Врховниот суд.

Во соопштението се вели дека судијката се сретнала со колумбиските платеници кои го ликвидирале претседателот.

Издадена е потерница за судијката Вендел Кок Тело, која беше отпуштена кога Моиз во февруари годинава објави дека е планиран државен удар против него. Засега не е познато каде се наоѓа таа.

Колумбиските платеници и двајца Американци со потекло од Хаити, кои беа уапсени по убиството на Моиз на 7 јули, рекле дека се сретнале со судијката Кок Тело.

„Неколкумина од нив изјавија дека биле во нејзината куќа и во полиција доставија документи потпишани за време на тие состаноци“, изјави портпаролката на полицијата Верије.

Постојат многу отворени прашања во врска со убиството на претседателот на Хаити, меѓу другото, и како убијците успеале да го поминат обезбедувањето во куќата на Моиз.

Еден од највисоките функционери на администрацијата Моиз беше уапсен под сомнение дека соработувал со убијците.

Слично

Поврзани вести