СЕ СПРЕМААТ ЗА СИРИЈА: Саудиска Арабија праќа војска и авиони во Турција!
Анкара и Ријад би можеле да почнат заедничка операција во Сирија.
Според зборовите на министрите за надворешни работи на Турција, Саудиска Арабија ја потврдила својата подготвеност да испрати воена техника и персонал во базата Инџирлик.
Саудиска Арабија се спрема да испрати авиони и воен персонал во турската база Инџирлик, изјави министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу во интервју за весникот „Јени шафак“.
„На секој состанок на коалицијата ја нагласувавме потребата од широка стратегија за борба против терористите која би била ориентирана на резултат. Ако до неа дојде, Турција и Саудиска Арабија ќе може да започнат копнена операција“, наведува весникот цитирајќи ги зборовите на турскиот министер.
Мевлут Чавушоглу рекол дека саудиска делегација претходно ја посетила базата.
„Саудиска Арабија ја потврди својата желба да се бори против Исламска држава, изјавувајќи дека е спремна да испрати и авиони и војска“, изјавил Чавушоглу.
Шефот на турската дипломатија нагласил дека засега не е одреден точниот број на авиони и воен персонал кој ќе биде испратен во базата Инџирлик.
