Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ СПРЕМААТ ЗА КОПНЕНИ МАНЕВРИ: Специјална единица од 13 жени убила скоро 100 терористи од Хамас?

СЕ СПРЕМААТ ЗА КОПНЕНИ МАНЕВРИ: Специјална единица од 13 жени убила скоро 100 терористи од Хамас?

Специјална единица од 13 жени ги бранеше кибуците на југoт на Израел.

Борбената единица составена од само 13 војници од израелските одбранбени сили уби скоро 100 членови на групата Хамас. Потполковник Ор Бен Јехуда и нејзините 12 жени-војници од баталјонот Каракал ја водеа борбата на првите линии на фронотот јуришајќи кон воената станица на египетската граница која беше нападната за време на инвазијата на Хамас. Потполковничката Бен Јехуда кажала пред својата единица од 12 жени да остане силна и да не биде поразена.

„Ќе ги уништиме терористите. Останете будни. Ние сме силен тим“, рекла таа.

Кога единицата се приближила до воената база, тие биле опколени од сите страни од група од 50 тешко вооружени терористи.

Во текот на следните четири часа, единицата од 13 жени била во жестока битка со Хамас. Имало и ранети, но женската единица ја продолжила крвавата борба.

На единицата баталјон Каракал подоцна се приклучиле и припадници на единицата за специјални сили на морнарицата и борбата против Хамас траела следните 14 часа.

Бен Јехуда ги пофалила напорите на нејзината единица во тешката борба и спасувањето на повредените. Таа ја призна храброста на женската тенковска посада која го предводеше нападот врз борците на Хамас кои го ограбија блискиот Холит Кибуц, убивајќи повеќе од десетина цивили.

Таа рече дека единиците на баталјонот Каракал убиле вкупно 100 терористи – факт што треба да го отстрани секој сомнеж за способноста на жените да бидат војници, пишува Џерусалим пост.

„Во моментов сме одговорни за 11 градови и се подготвуваме за сите потенцијални копнени маневри за обезбедување на јужните погранични области на Газа и границата со Египет“, рекла Бен Јехуда.

На 7 октомври Хамас почна со напади на Појасот Газа. Израел сака целосно да ја уништи терористичката група Хамас. 

foto Twitter

Слично

Поврзани вести