Се спремаат отказите на 2 илјади работници во Боинг
Повеќе од 2000 вработени кои работеле на развојниот капацитет на авионите 747 и 787, ќе добијат отказ од американската авиокомпанија Боинг. Според најавите до крајот на 2013 година компанијата ќе отпушти 800 работници, по што бројот постепено ќе се зголемува зависно од проценките за зголемената работна сила во одредени производни сегменти.
Отпуштањата немаат никаква врска со проблемите на акумулаторите на авионите 787, а овој чекор бил планиран подолго време, тврди портпаролот на каомпанијата.
Претходно Боинг ја стопираше испораката на авионите 787 во средината на јануари, откако беше воведена забраната за летање на овој тип авиони. Сепак продолжија со изработката на нов модел на авион Боинг. Од најновиот модел се очекуваше многу, меѓутоа од кога започна да лета се појавија низа технички проблеми, вклучувајќи ги палењата на акумулаторите и течењето на гориво.
Слично
