Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се споија УС Ервејс и Американ Ерлајнс, настана најголемата авиокомпанија во светот

Се споија УС Ервејс и Американ Ерлајнс, настана најголемата авиокомпанија во светот
Американските авиокомпании Американ Ерлајнс и УС Ервејс денеска се интегрираа, со договор вреден 11 милијарди долари , со што се формираше најголемата светска авиокомпанија. Компанијата ќе работи под името Американ Ерлајнс. Американ ерлајнс ќе поседува 72% од заедничката компанија додека Ју-Ес Ервејс ќе имаат 28%. Новиот авио-превозник ќе нуди дневно повеќе од 6.700 летови до 336 дестинации во 56 држави. Со спојувањето од 2015 година се очекува да заштедат околу една милијарда долари годишно. Новата авиокомпанија е за два проценти поголема од досега најголемата Јунајтед континентал холдингс. За да стане важечки, договорот мора да биде одобрен од стечајниот суд и од антимонополските регулатори
Слично

Поврзани вести