Се спаси од украински проектил, а сега Стремусов загина во сообраќајка
Најважниот руски играч во украинскиот регион Херсон, заменик-шефот на администрацијата на регионот, Кирил Стремусов загинал, пренесува РТ.
Како што пренесуваат медиумите тој загинал во сообраќајна несреќа. Стремусов редовно известуваше на социјалните мрежи и редовно разговараше со новинарите за аферите во регионот. Тој утрово ги откри најновите информации за ситуацијата на бојното поле, известувајќи дека руските војници ги спречиле обидите на Украина да напредува во град на околу 50 километри северно од Херсон. Тој претходно еднаш ја избегна смртта. Украински проектил во септември ја погоди неговата канцеларија, но тој во тоа време не бил таму и се спаси. Во експлозијата беа повредени неколку вработени во администрацијата.
Тој тврдеше дека Украина секој ден во Херсон губи по 200 војници.
Функционерот кажа дека Прага, Варшава и Будимпешта се „руска земја“.
