СЕ СПАСИ: Израелската армија ослободи заложник од Газа
Израелската армија ослободи заложник на палестинската терористичка група Хамас.
Израелските сили во „сложена операција за спасување“ во јужниот дел на Појасот Газа ослободија заложник кој повеќе од 10 месеци беше во заложништво.
Ослободен е 52-годишниот Каид Фархан Алкади, припадник на бедуинската заедница во јужен Израел. Тој е пренесен во болница и е во стабилна состојба.
Терористите на Хамас го киднапираа во кибуцот Маген лани на 7 октомври.
Хамас сè уште држи околу 110 заложници, од кои околу една третина се верува дека се мртви. Повеќето беа ослободени во замена за Палестинците затворени во Израел за време на прекинот на огнот минатиот ноември. Форумот на семејства на заложници го поздрави спасувањето на заробениот Каид Фархан ал Кади од Газа, но нагласи дека е неопходен договор за да се осигура ослободувањето на преостанатите израелски заложници, кои Хамас ги држи во Газа.
