Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ СМЕТА ДЕКА ХЕЗБОЛАХ ТАМУ КРИЕ ОРУЖЈЕ: Израел нареди евакуација на 23 села во јужен Либан

СЕ СМЕТА ДЕКА ХЕЗБОЛАХ ТАМУ КРИЕ ОРУЖЈЕ: Израел нареди евакуација на 23 села во јужен Либан

Израел нареди евакуација на 23 села во јужен Либан. Некои од овие села веќе биле цел на израелски напади.

Израелската армија издаде наредба за евакуација на жителите на 23 села во јужниот дел на Либан поради зголемената активност на Хезболах. Тоа  ја загрозува безбедноста на локалното население. 

Израел тврди дека Хезболах во овие села складира оружје и организира напади врз Израел, а Хезболах ги негира овие обвинувања, нагласувајќи дека не поседува оружје меѓу цивилите.

Конфликтот меѓу Израел и Хезболах, кој почна пред една година, ескалираше минатиот месец по интензивирањето на израелските напади врз јужен Либан, долината Бека и предградијата на Бејрут.

Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања објави дека бројот на раселени Либанци е поголем од оној во последната голема војна помеѓу Израел и Хезболах во 2006 година, кога околу милион луѓе беа принудени да се раселат. 

Десетици илјади луѓе се преселија во станови или кај роднини, но други ја немаа таа опција.

Многумина побарале засолниште во државните колективни прифатни центри, а близу 250,000 лица преминале во Сирија. Повеќе од половина од новодојденците во Сирија се жени и деца. 

Израел од лани од 7 октомври е во војна со палестинската терористичка група Хамас, која изврши напад и убид 1.400 Израелци, но и зема заложници. 

Слично

Поврзани вести