СЕ СЛУШНА И ГЛАСОТ НА ЕРДОГАН: Повикува на запирање на израелската бруталност
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган повика на акција оваа вечер за да се запре „невидената израелска бруталност“ во Газа.
Метање на болница во која се сместени жени, деца и невини цивили е најновиот пример на израелски напади лишени од најосновните човечки вредности“. Го повикувам целото човештво да преземе акција за да се запре оваа невидена бруталност во Газа“, напиша Ердоган на платформата „Х“ (Твитер), пренесува Танјуг.
Претходно, претставник на Министерството за здравство во Газа изјави дека нападот врз баптистичката болница Ал-Ахли во Појасот Газа го извршил Израел, во кој загинаа повеќе од 500 луѓе.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас прогласи тридневна жалост за жртвите. Според палестинското Министерство за здравство, повеќето од загинатите се жени и деца.
Израелскиот ТВ канал i24 објави дека првичната истрага на израелската војска покажала дека експлозијата во болница во Појасот Газа била предизвикана од неуспешно лансирање ракета на Хамас.
Израелската армија подоцна ја обвини групата Исламски џихад за трагедијата.
