Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ СЛУЧУВААТ ЧУДА: Жена во Турција е спасена по 104 часа поминати под урнатините

СЕ СЛУЧУВААТ ЧУДА: Жена во Турција е спасена по 104 часа поминати под урнатините

Во Турција продолжува потрагата по преживеани лица, а една жена е спасена по 104 часа поминати под урнатините во градот Кирихан. 

Германските спасувачи внимателно ја извлекоа 40-годишната Зејнеп Кахраман на носилки.

„Верувам во чуда сега. Можете да видите луѓе како плачат и се гушкаат еден со друг. Големо олеснување е што оваа жена беше извлечена во толку добра состојба во овие услови. Тоа е апсолутно чудо”, рече Стивен Баер, водач на Меѓународната потрага и спасувачкиот тим..

Во Турција и Сирија загинале 22.300 луѓе по силниот земјотрес од 7.8 степени. Стотици илјади други останаа без покрив над главата. Во Сирија ситуацијата е катастрофална. 

По силниот земјотрес, во Турција и Сирија имаше стотици послаби потреси. 

Слично

Поврзани вести