Економија, финансии, бизнис

Контакт

„СЕ СЛУЧУВА, МОЛАМ ЗА ПРОШКА“: Се огласи Крашовски по грозоморниот коментар дека украинските деца треба да се удават во река

„СЕ СЛУЧУВА, МОЛАМ ЗА ПРОШКА“: Се огласи Крашовски по грозоморниот коментар дека украинските деца треба да се удават во река

Рускиот ТВ водител се извини за тврдењето дека децата кои се спротивставуваат на Русија треба да се удават во река.

Водителот на „Раша тудеј“, Антон Крашовски рече дека „навистина се посрамоти“ откако се „занесе“ во своите коментари.

- Па, се случува. Се занесуваш и не можеш да запреш. Ги молам сите за прошка – рече тој.

Државната телевизија го суспендираше Красовски набргу по неговите изјави и посочи дека инцидентот е резултат на „привремено лудило“.

Сепак ја преминал границата, бидејќи Државниот истражен комитет на Русија потврди дека ќе поднесе извештај за случајот.

Контроверзни коментари упати водителот минатата недела во емисијата во која ги коментираше наводите на авторот Сергеј Лукјаненко за неговата прва посета на Украина во 80-тите години кога децата му рекле дека ќе живеат подобро ако нема руски окупатори.

-Требаше да се удават во реката, каде што пливаат пајчињата. Само удави ги тие деца, удави ги. Тоа не е ваш метод затоа што вие СФ писателите сте интелигентни луѓе, туку тоа е наш метод - коментирал Крашовски.


Слично

Поврзани вести