Се случи инцидент меѓу турски и кипарски брод
Турски брод утрово испукал предупредувачки истрели кон кипарската полиција.
Портпаролот на кипарската полиција Христос Ендру кажа дека инцидентот се случил околу 03,30 часот кога брод на грчката морнарица патролирал на 11 наутички милји од Тилирија, објави грчки Спутник.
Бродот со тричлен екипаж, бил пред турската крајбрежна стража, а еден турски брод го принуди кипарскиот брод да ја напушти областа со опасни маневри и да влезе во пристаништето Като Пиргос. Турски патролен брод испука предупредувачки истрели кон кипарски брод.
Нема повеќе детали за инцидентот.
Слично
