Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ СКРШИЛЕ ПОЛИЦИТЕ И ПАДНАЛЕ ПИТИ КАШКАВАЛ ТЕШКИ ПО 40 КИЛОГРАМИ: Загина Италијанец во Ломбардија

СЕ СКРШИЛЕ ПОЛИЦИТЕ И ПАДНАЛЕ ПИТИ КАШКАВАЛ ТЕШКИ ПО 40 КИЛОГРАМИ: Загина Италијанец во Ломбардија

Маж во Италија почина откако врз него паднале голем број пити со кашкавал. 

Италијанецот почина откако во неговиот магацин во областа Ломбардија се скршиле повеќе полици и врз него паднале пити тврд кашкавал „Грана падано“, секоја тешка по 40 килограми. Лица вработени во противпожарната служба раскажаа дека им биле потребни 12 часа за да дојдат до телото на потрупаниот Џакомо Чипарини. Некои од питите наводно паднале од височина од околу 10 метри. Во магацинот имало околу 25.000 пити со кашкавал. Весникот „Кориере дела Сера“ објави дека Чапарини влегол во магацинот да направи контрола на кашкавалот за време на период на зреење и да го исконтролира роботот кој ги врти и чисти.

Слично

Поврзани вести