Се скарал во кафеана, па газел луѓе
Автомобил денеска удри во група минувачи на булевар во Москва, при што едно лице загинало, а деветмина се повредени.
Возачот на автомобилот намерно го насочил возилото кон минувачите по конфликт во кафеана.
Според првичните информации во кафеаната, која се наоѓала на московскиот булевар, неколку мажи се расправале. Едниот од нив влегол во автомобилот и почекал останатите учесници во конфликтот да излезат од угостителскиот објект. Потоа влетал со автомобилот, соопшти полицијата, потврдувајќи дека учесниците во инцидентот се државјани на Казахстан.
Слично
