Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ ШИРИ СНИМКА СО ПУМПАЊЕ НА МЕСОТО СО ВОДА - еве зошто бифтекот ви се преполовува кога го пржите

СЕ ШИРИ СНИМКА СО ПУМПАЊЕ НА МЕСОТО СО ВОДА - еве зошто бифтекот ви се преполовува кога го пржите

На социјалните мрежи кружи видео кое покажува како месото се третира во фабриките пред да стигне до продавниците.

„Инекција во месо. Ако не сте го виделе ова досега, ова е нормална процедура што ја спроведуваат погоните за преработка на храна. Она што се вбризгува е солена вода, која може да содржи адитиви и слично. Таа му дава вкус и сочност на финалниот производ“, стои во описот на видеото.

„Според мене, ова е само уште еден доказ зошто треба да пазарите локално. Господ знае што има во тие адитиви. Претпочитам мојата храна да биде свежа без никакви додатоци. Не благодарам!“, пренесува Нова.рс.

Многумина во коментарите напишаа дека сега им е јасно зошто бифтекот им се смалува на половина при подготовката.

„Купиш 1 кг, а всушност добиваш 200 грама“, „Литар вода продаваат по цена од килограм месо“, „Тоа би требало да е незаконски“, се дел од незадоволните коментари.

Повеќе детали и видео

Слично

Поврзани вести