Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ ШИРИ СНИМКА СО КРАТЕР НА ДЕТСКО ИГРАЛИШТЕ ВО КИЕВ - тука претходно имало лулашки

СЕ ШИРИ СНИМКА СО КРАТЕР НА ДЕТСКО ИГРАЛИШТЕ ВО КИЕВ - тука претходно имало лулашки

Главниот град на Украина и многу други градови се под ракетен напад, објави денеска заменик-шефот на кабинетот на украинскиот претседател Кирил Тимошенко, повикувајќи ги луѓето да останат во засолништа, а очевидци јавуваат за експлозии во рускиот град Белгород.

На социјалните мрежи се шират различни видеа од нападот, меѓу кои и она на кое се гледа кратерот на детското игралиште кое се наоѓа во паркот на населбата Шевченко во Киев.

„Имаше нишалки на местото на кратерот“

„Зборуваме за игралиштето Шевченко, кое се наоѓа во парк во центарот на Киев. Тоа е многу посетена област, каде што редовно доаѓаат семејства со деца“, напиша Сергеј Сумлени на Твитер.

Еден од коментаторите под објавата напиша дека порано имало нишалки на местото на кратерот и дека во попладневните часови игралиштето обично е полно со деца.

Автентичноста на снимката од нападот на детското игралиште не е независно проверена.

Индекс.хр

Слично

Поврзани вести