Се шири скандалот со соработката на јапонските банки со мафијата – Банката Шинсеј призна дека давала кредити на „Јакуза“
Уште една голема јапонска банка призна дека соработувала со личностите од криминалното милје.
Јапонскиот министер за финансии ја пофали денеска банката Шинсеј која вчера призна дека една од нејзините подружници доделила поголем број на кредити на озлогласениот криминален синдикат познат под називот „Јакуза“, пренесува Франспрес.
Овој клан е вмешан во различни активности, од проституција и продажба на дрога па се до изнуда и разни криминални ативности, во форма на превара, проневера и сл.
Најновите информации следуваат само неколку дена откако јапонските финансиски регулатори соопштија дека ќе спроведат истрага во три водечки јапонски банки кои се сомничат за врски со организираниот криминал. Меѓу банките кои ќе се најдат под истрага се Mizuho, Micubiši i Sumimoto.
Слично
