Се шири скандалот со коњското месо, по Германија, проверки и во Русија
Руската санитарна служба ќе ги провери трговските мрежи во земјата за присуство на производи со коњско месо, што предизвика скандал во Европа.
„Изгледа дека директни испораки немало, но ние дадовме наредба да се изврши проверка и ако биде откриено присуство, ќе наложиме отстранување на такви производи од трговските мрежи“, изјави шефот на руската Федерална служба за надзор во областа на заштитата на правата на потрошувачите, Генадиј Онишченко.
Претходно коњско месо беше пронајдено и во Германија во замрзнатите лазањи кои се продавале во супермаркетите "Реал".Според германските медиуми, сега и останатите супермаркети започнале да ги проверуваат производите им ги нудат на потрошувачите.Исто така денеска и францускиот министер за земјоделство Стефан ле Фол изјави дека Владата и ја одзема лиценцата на француската месна индустрија „Спангеро“, кој беше обвинета дека продавала коњско месо како говедско. Тој наведе дека „Спангеро“ продавала коњско месо, а на етикетата пишувало говедско.
Европската унија синоќа апелираше до земјите членки во наредниот период да ги интензивираат тестовите за проверка на коњско месо. Сите членки на Унијата, треба да вршат проверка на јунешкото месо во период од три месеци, почнувајќи од 1 март, соопшти европската комисија.
