Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се шири индискиот сој, го има на 53 територии

Се шири индискиот сој, го има на 53 територии

Се шири индискиот сој на коронавирусот. Овој сој е официјално пријавен на 53 територии, објави денеска Светската здравствена организација. СЗО доби и информација од неофицијални извори дека варијантата Б.1.617 е пронајдена на уште седум територии. Поради овој сој многу земји воведоа ограничувања за патување во Индија. 

Бројот на нови инфекции и починати продолжи да опаѓа минатата недела, бидејќи се регистрирани повеќе од 4,1 милиони нови случаи и 84.000 смртни случаи. Тоа е намалување за 14 проценти, или за два проценти во споредба со претходната недела.

Најголем број нови случаи во последните седум дена има во Индија (1.846.055, пад од 23 проценти), Аргентина (213.046, пораст за 41 процент), САД (188.410, пад од 20 проценти) и Колумбија (107.590, пад од седум проценти) .

foto freepik

Слично

Поврзани вести