Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ ШИРАТ МОРНИЧАВИ СНИМКИ ОД МАСАКРИРАНИ ЦИВИЛИ - Нетенјаху вели дека неговата земја е во војна

СЕ ШИРАТ МОРНИЧАВИ СНИМКИ ОД МАСАКРИРАНИ ЦИВИЛИ - Нетенјаху вели дека неговата земја е во војна

Утрово десетици ракети беа истрелани од Појасот Газа кон Израел. Службите за итни случаи велат дека во нападот загинале најмалку 22 лица. Исламистичката група Хамас ја презеде одговорноста за нападот. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека неговата земја е во војна.

Се шири снимка од уништен израелски тенк. 


На социјалните мрежи се шират страшни снимки од убиства на цивили на улиците. Во едно видео, наводните членови на Хамас извлекуваат полумртов цивил од автомобил и скокаат по неговото тело додека тој е сè уште жив. Во друго видео тој слави над телото на убиена жена, наводно Израелка.

Ненадејниот напад на Хамас врз Израел беше колосален неуспех на израелското разузнавање, изјави во саботата експертот за безбедност на Би-Би-Си, Френк Гарднер. Израел има една од најобемните и најсофистицираните разузнавачки мрежи на Блискиот Исток, и домашни и странски.

Видеото што го добивме од читател ги прикажува празните улици на Тел Авив. Да потсетиме, утрово од Појасот Газа кон Израел беа истрелани неколку стотици ракети. Службите за итни случаи велат дека во нападот загинале најмалку 22 лица.

Фото: ЕПА

Слично

Поврзани вести